Friday, December 12, 2014

Нарушена интима - Проект

Никогаш не сум документирал моменти од нечиј живот на овој начин, фотографирање на интиматата на луѓето и фотографирање на нивната комфортна зона е нов и премногу возбудлив проект кој според реакциите на социјалните мрежи и фото форуми е многу добро прифатен.

"Нарушена интима" ќе биде проект кој ќе остане отворен и ќе го сочинуваат фотографии кои може да бидат дел и од други проекти.

Низ уличките на стариот дел од градот Хои Ан, Виетнам
Минуваш низ тесни улички и куќарки стари по 100-150 години, од отворените прозорци и врати се гледа секојдневниот живот на виетнамиците кои речиси и не ве приметуваат, различни приказни се наоѓаат на секој чекор, од прослави во чест на мртвите до бизнис зделки и коцкање. Една камера и желба за лутање е се што е потребно.

Фамилијарен бизнис - Првата фотографија од овој проект
 Во тесна уличка во стариот град на Хои Ан се наоѓа домот на господинот Вон кој својота тераса ја има претворено во ресторан. Домашната кујна е и кујна за гостите, исто така и тоалетот кој го користи 13 членото семејство на Вон. Откако завршив со вечерата се завртев да ја побарам сметката кога го видов Вон во својта канцеларија, случајно ја зедов камерата и успеав да го документирам моментот пред да бидам приметен. Во хотелот кога ги прегледував фотографиите застанав на оваа сцена и си го враќав филмот како безобразно и без прашање фотографирав некого во својот дом, кога нарушив нечиј приватен момент и ја добив инспирацијата за овој проект и неговиот наслов.

Господинот Вон во својата домашна канцеларија
Виетнамска фамилија го одбележува денот на смртта на еден член од семејството

"Годишнина од смрт" е голем ден и празник на една фамилија, на тој ден сите жени од семејството припремаат слатки и ги послужуваат сите членови. Овој празник е само за најблиските членови нафамилијата но виетнамците за разлика од другите земји кои го слават, како Јапонија, Кина, Кореа, Индија, Бангладеш и Непал, ги покануваат и своите пријатели да бидат присутни на овој свет ден. Празникот се слави и во други држави каде што има фамилии од овие држави.

Прослава на годишнина од смрт во Виетнам

No comments:

Post a Comment