Tuesday, December 9, 2014

Живот на улица - Проект

За мене најтежок проект. Не е лесно да фотографираш луѓе кои што не сакаат да бидат фотографирани, односно сакаат 5$ за тоа, или ти требаат многу долари или треба да бидеш фото-нинџа-граф и да бидеш неприметлив со камерата.

Но сепак, тоа е тоа што го прави проектот повреден и повозбудлив.

Ова е проект кој се надевам дека никогаш нема да го завршам, дека постојано ќе го надополнувам со фотографии од моите патувања, во него ќе се најдат објавени и необјавени фотографии, некои од нив се веќе во сопственост на новински агенции и други медиуми.

Низ улиците на Катманду, Непал

Граѓани на Катманду се грееат на уличниот оган

Низ улиците на Ханои
Стотици улични месари и рибарници низ старио дел на Ханои. Неколку години наназад овие граѓани на главниот град на Виетнам имале свои тезги на маалскиот пазар, но со новиот проект за трговски центар пазарот бил уништен и трговците без своето работно место. Нивната работа не застанала, нивните тезги се сега испред нивните домови, а некогаш мирниот кварт сега е претворен во најголемиот уличен пазар во Виетнам.



Улична вегетаријанска "тезга"


Жена го чува своето место до уличното огниште кое секоја вечер е заобиколено од неколку граѓани кои немаат куќно греење.


Ручек пауза на жените од уличниот пазар во Ханои


Рибар заедно со својата фамилија го продава свежиот улов пред неговиот дом во стариот дел на Ханои

Баба со својата внука испред својот дом-маркет за месо


На скалите на Лонг Сон
Лонг Сон е будистички храм (пагода) во туристичкиот град На Транг во северниот дел на Јужен Виетнам.

Жена ги користи скалите кои водат до големиот бел Буда над храмот Лонг Сон во На Транг како идеално место да "заработи" некој донг од многуте туристи кои секојдневно ги искачуваат. Овие бездомници своите ноќи ги поминуваат во дворот на храмот одмарајки ја својата душа на некој од многуте хамоци закачени за дрвјата.

Локалниот пазар во Кеп, Камбоџа
Пазарот Кеп е место каде што тезгите за зеленчук и овошје во ноќта се домови на продавачите. Многумина од земјоделците се од различни краеви на земјата дојдени да ја продадат својата стока на трговците кои се на пат кон Виетнам, тие буквално се преселни на големиот пазар со својте семејства додека целата донесена стока не биде продадена.

Ќерка на трговец го користи мирното попладне за својата дневна сиеста. Нејзино катче е монтажната кујна во средина на пазарот.

Продолжува...



No comments:

Post a Comment