Friday, December 5, 2014

Децата на Камбоџа

(Сторијата ќе се надополнува)

Седам тука, со овие среќни деца и гледам колку слободно детство имаат, онакво какво што имавме ние и нашите родители. Наместо кришка во рака овие деца се со банана но сепак тоа е тоа, по цел ден на улиците, без грижи и секирации.

Кога само би знаеле зошто 80% од нив немаат баба и дедо може не би биле толку среќни, кога само би знаеле дека 50% од туристите доаѓаат за музеите и полињата на смртта создадени од Пол Пот може не би биле толку весели.

Црвената историја на Камбоџа е тргната на страна, заборавена, како и во цела Југо Источна Азија, ова е време на туристичкиот бум, време кога тие што немале ништо ќе се задоволуваат со долар или два, а богатите ќе стануваат уште побогати на грбот на овие другите, горе доле слична ситуација како во Македонија.

Морав да бегам од местата кои се туристички стапици за да ги најдам оние души кои се нерасипани од туризмот и моќта на парите. Одев по места каде што локалците бараат чоколадо наместо долари, места каде што парата нема никаква вредност, дојдете со милиони и пак сте сиромашен.
Одев со скутери па со коњи, низ песок и кал за да ги најдам тие села каде што ќе ги фотографирам чистите и вистински Кхмерски души и насмевки, не беше лесно, но е нешто незаборавно.

Ова се неколку лица кои ги документирав во провинцијата Сием Реп во селото Доне Он (близина на Ангкор), во градот Кеп (Кампот), Пном Пен и Сен Монором главниот град на провинцијата Мондулкири и околните села.

Продавач на Кокосови ореви
Младо момче во селото Доне Он




Близначките од Баконг


Бизнисмени со историски артефакти од Ангкор


Попладневната сиеста на малото девојче од лоалниот маркет во Кеп 


Момче спремно за Фестивалот на Водата во Пном Пен

No comments:

Post a Comment