Saturday, December 6, 2014

Народот Кохо

Маркирано! Можам да кажам дека тотално ја истражив провинцијата Лам Донг и Виетнамските централни висорамнини. Прекрасни зелени пејсажи, кафе плантажи и водопади се убавините на оваа провинција, но тука има нешто друго што го привлече мојот авантуристички дух, Лам Донг е провинција која е дом на етничкиот народ КоХо

Народот КоХо е малцинство (166.112 популација) во Виетнам кое се занимава претежно со земјоделство во околината на градот Да Лат, престолнина на Лам Донг провинцијата. КоХо сеуште ги немаат прифатено благодетите на денешницата и скоро секој алат што го користат е рачно изработен од дрво. Селата ги именуваат по домашните животни, денеска го посетив селото на кокошките и на свињите. Гласот на жената е оној кој се слуша во една фамилија, најстарата жена во една фамилија е таа која ги донесува главните одлуки и раководи со буџетот за кој сите способни во семејството придонесуваат. 

На фотографијата подоле ви ја преставувам Ки Јане, мајка на 11 деца и баба на 32. Ки Јане е таа која ги забранува благодетите на новиот век, додека таа е жива нејзините синови, ќерки и внуци нема да користат мобилни телефони, компијутери и нема да пробаат сладолед.


 


No comments:

Post a Comment