Миан(11) најстарата од сетрите, е глава на фамилијата кога таткото е на печалба.
Додека се занимавав со Хануха и Ниу, Миан беше резервирана и го пратеше секој чекор што го правам, прв пат да видам дете толку заштитнички настроено за својата фамилија, но после неколку бомбончиња и Миан го пушти детето од себе.
Миан е таа што ми покажа како живеат и дека они се уствари многу посреќни од децата на западот, бидејки незнаат што е тоа завист, нивниот живот е исполнет.
Кај Миан, како најстара веќе почнува да се гледа промената која ја трпат сите кхмерќини*, од среќно детенце во измачена жена. Забите и беа почнале да се ронат. Девојчињата не посетуваат стоматолог од прична што е премногу скапо, а и доколку би имале финансии ќе треба да поминат 250км во еден правец да стигнат до првата стоматолошка ординација. Рацете и беа многу погруби за разлика од нејзините сестри, перењето на рака и другите физички работи си го прават своето.
Децата работници не се нешто ново во Југо-Источна Азија, тоа е проблем кој и е познат на јавноста веќе долг период.
Видов девојче од 8 години, врсничка на сестрами, како со лопата става песок во количка, го истура песокот во корито и меша малтер!
Епа да ние сме имале тежок живот, комшијата има iPhone 5s, а ја само 5ка, така да затоа сум во депресија.
Следи ме на

No comments:
Post a Comment