Бездомник гледа во туристите кој го посетуваат храмот Сакет. Парите од влезниците за овој храм се користат за помагање на бездомниците од Бангкок кои секое утро добиваат доручек од страна на монасите.
Сакет е прекрасен храм поставен на брдо во областа Пом Прат. Обично негативно ми влијае тоа кога треба да платам за да влезам во храм, одма наговестува дека е некоја "Tourist Trap" но овде е различно, парите се наменети за бездомниците кој се насекаде околу и во храмот.
Доколку сте "Temple Hunters" местово ќе ви биде идеално, можете да се сликате или да ги сликате монасите и бездомниците без проблем, али добро ќе им оставите некоја донација плус, ќе лупате на гонгови по три пати секој пат коа ќе му свртите грб на Буда, ќе уживате во прекрасната глетка на Бангкок и така натака.
Како што излагав од храмот застанав да ја разгледам панорамата од градот, во десниот агол имав стар прозорец со рустика боја на рамката, што создаваше одлична композиција, „поглед кон светот“, само што го земав канонот за да фотографирам, на рамката се обеси еден бездомник, кој изгледаше како да завршил со добар ручек. Почна да разгледува наоколу и кога ме забелжа со камера не го тргна погледот од мене, жими се ваков момент може да се сонува само. Перфектна композиција од нигде никаде, среќа! Направив преку 20 фотки од истата сцена и право на Тук Тук да го однесам материјалот во хотелот за секој случај, ако ја изгубев оваа фотографија по некоја грешка, дали несакајки да ја избришам или да ми ја украде некој камерата, ќе се убиев.
Фотографијата ќе биде објавена во големиот туристички водич за Бангкок - 2015 на Lonely Planet.
Следи ме на

No comments:
Post a Comment