Thursday, June 19, 2014

Чуварите на Ангкор

   Интересна приказна стои зад овие овластени лица за чување на редот и мирот во Ангкор. Обични надгледувачи кои само личат на полиција. Случајно застанав да се сликам со еден од нив и одма ми побара 2$, незнам од кај му текна да ја побара баш таа цифра али ок, не му дадов како и да е :) 
На шала го прашав да не сака да ми ја продаде службената значка и без расмислување ми вика, 10$! 
- Како 10$? - Мислеше многу ми е 10$ и почна да се ценка со мене додека не дојде до 3$. 
Како што го одбив за значката почна да ми ја нуди целата опрема на него дел по дел, од капа, кондури, појас ... како што трае бизнис муабетот, во меѓувреме доаѓа еден од уличните продавачи со куфер и ми понудува Комбоџанска полициска опрема за 10$ комплет. Е сеа, дали овој беше вистиниски надгледувач или обичен скамер никогаш нема да се дознае. 

- Надгледувачите во Ангкор служат само за проверување на купената дневна карта пред некој од многуте храмови.

- На влезот во Анкор се купува оваа карта и изнесува 40$ за 3 дена. Има карти и за еднодневна и дводневна екскурзија, но не ги знам цените на тие две.



Следи ме на

No comments:

Post a Comment