Wednesday, June 11, 2014

Госпоѓа Ниарм


   Госпоѓа Ниарм - Дамноен Садук (Floating Market), Бангкок - Единствената жена која никогаш го нема напуштено своето село, а сега во истата куќа во која е родена ја чека и својата смрт. Ниарм е моментално болна од неизлечива болест, но во разговорот не разбрав за која болест точно станува збор. Лицето и беше со жолта боја па можев само на нагаѓам од што боледува.


   Ниарм ја најдов во нејзината куќа/продавница која се наоѓа на десниот крај од маркетот. Селото е толку комерцијализирано во последниве години што комплетно ја има изгубено автентичноста и моментално е обична туристичка замка и не ви препорачувам да го посетите ако имате намера за тоа.

   Зошто не ме интересираат сувенири и маици, се шуткав низ куќарките со камерата да најдам нешто автентично за да фотографирам, кога дојдов до крајот Ниарм почна да мавта и да се смее, ме фати за рака, ме седна до неа и почна да врти муабети со мене како да разбирам се на тајландски, али ок, климав со главата цело време. Стана и ми донесе да јадам една чорба, мислам дека беше од пиле, али само мислам, толку беше љута што солзи ми течеаа а таа се кинше од смеење, потоа ме почести со еден добар Тај чај кој беше врв. Јас како добар турист, како благодарност и купив неколку сувенири, а за тоа добив и позирање од неа, ова беше прв пат јас да прекинам со фоткање, обично на моделот му здосадува па бега, Ниарм мислам дека можеше до седи уште саат време и да позира.

Историјата за Ниарм ми ја раскажа една нејзина комшика, за тоа како цело семејство ја напуштило и отишле во Бангкок и сега е оставена сама на себе, но толку е пријатна што секој и помага, соселаните но и туристите како мене.

Ниарм ќе има свој дел во видеото што е моментално на монтажа, каде што пробува да каже дека ја сака Македонија. (Ќе имаше за малце да не го имав по грешка избришано, overwrite, направено на материјалот)


Следи ме на

No comments:

Post a Comment